Параглајдерството во Фетије во фокусот на растечкиот тренд за активни одмори


Сè повеќе туристи го заменуваат класичниот одмор со патувања што комбинираат повеќе различни активности. Според најновите истражувања, 44,1 отсто од испитаниците се заинтересирани токму за ваков тип одмор. Во време кога спортот, природните убавини и авантурите стануваат важен дел од туристичкото искуство, Фетије во Туркије нуди токму таква комбинација, со параглајдерството како една од најголемите атракции.

Во срцето на оваа авантура е Олудениз, едно од најпознатите летувалишта на турскиот егејски брег, кое се наоѓа во областа Мугла и е познато по својата лагуна, тиркизните води и една од најубавите плажи во регионот. Над него се издигнува планината Бабадаг, која важи за една од водечките светски дестинации за параглајдерство. Од нејзините полетни точки, меѓу кои и онаа на речиси 2.000 метри надморска височина, посетителите можат во тандем со лиценцирани пилоти да полетаат над морето, а летовите обично траат околу 30 минути. За оние, пак, кои сакаат дополнителна доза адреналин, во зависност од условите и под водство на искусниот пилот, можни се и акробатски маневри, како што се вртења од 360 степени и таканаречени „wingover“ маневри. Летот завршува со слетување на плажата во Олудениз, со што туристите за само половина час добиваат сосема поинаква перспектива на едно од најпознатите крајбрежја во Туркије.

Но, авантурата во Фетије не завршува со слетувањето. Посетителите можат да ја истражуваат и Долината на пеперутките, заштитено природно подрачје каде живеат повеќе од 80 видови пеперутки, кое привлекува љубители на природата од целиот свет. Во непосредна близина се наоѓа и заливот Кабак, скриен во близина на селото Фараља, омилен меѓу љубителите на кампувањето и природата, а во последниве години нуди и програми за јога и одмор во природа. Таму туристите можат да избираат меѓу различни видови сместување, од дрвени бунгалови до луксузни шатори, и да го комбинираат активниот одмор со активности посветени на физичката и менталната благосостојба. За љубителите на водените спортови, пак, Афкуле нуди нуркање меѓу подводни пештери и богат морски свет, додека кањонот Сакликент и реката Ешен се дел од понудата за љубителите на рафтингот.

Во регионот се наоѓа и прочуениот Ликиски пат, една од најпознатите пешачки патеки во светот, која минува низ впечатливи медитерански предели. Патеката им нуди на љубителите на пешачењето можност да ги откријат природните убавини на турското крајбрежје, но и да поминат низ предели во кои се испреплетуваат природата и богатото историско наследство на некогашната Ликија.

Токму разновидноста е она што го прави Фетије интересен избор за новата генерација патници. Едно патување може да започне со лет над морето, да продолжи со истражување на природата, пешачење или водени спортови, а да заврши со јога, релаксација и медитеранска гастрономија.

(Комерцијален текст)