Папата сепак не оди на конференцијата за климата КОП28 во Дубаи


Папата Франциско, по налог на лекар, го откажа патувањето во Дубаи, каде што требаше да присуствува на климатската конференција КОП28 на Обединетите нации, по наредба на лекар, соопшти денеска Ватикан.

Папата, кој закрепнува од грип и пневмонија, требаше да одржи говор на конференцијата во сабота наутро и да го отвори верскиот павилјон во недела.

Тој завчера соопшти дека има пневмонија, но потоа кажа дека сепак планира да оди во Дубаи.

Но, денеска „папата Франциско со големо жалење го прифати барањето на лекарот и затоа патувањето е откажано“, изјави портпаролот на Ватикан, Матео Бруни.

Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени (КОП28) почнува в четврток и ќе трае до вторник, 12 декември.