Папата ја откажа средбата со рускиот патријарх Кирил


 

Папата Франциско изјави дека се откажал од планот да се сретне со рускиот патријарх Кирил во јуни, кој е сојузник на рускиот претседател Владимир Путин и ја поддржува војната на Москва во Украина, објави Ројтерс.

Во интервју за аргентинскиот весник „насион“, Франциско изрази жалење што морал да ја откаже планираната втора средба со патријархот Кирил, откако дипломатите на Ватикан рекоа дека таквата средба може да предизвика „голема конфузија во моментот“, очигледно со оглед на војната во Украина. Папата постојано индиректно ги критикуваше Русија и Путин за војната.

РИА Новости го цитира рускиот митрополит Иларион дека средбата е одложена бидејќи „настаните во изминатите два месеци“ би создале многу тешкотии во подготовката за неа.

Претходно овој месец, Ројтерс објави дека Ватикан размислува да го продолжи патувањето на Франциско во Либан на 12-13 јуни за еден ден, за да може да се сретне со Кирил на 14 јуни во Ерусалим.

Извор од Ватикан, запознаен со планирањето на состанокот, денеска изјави дека подготовките бил во напредна фаза и дека дури е избрано и местото. Папата Франциско и патријархот Кирил досега се сретна еднаш – во 2016 година во Куба.