Папата Франциск побара богатите да немаат приоритет за вакцината против Ковид-19
Папата Френциск денеска истакна дека е против секоја можност богатите да добијат приоритет при вакцинирањето против коронавирус.
– Пандемијата е криза. Ние мора да излеземе од неа како подобри луѓе, рече папата.
Говорејќи за време на својата седмична јавна аудиенција, тој рече дека по пандемијата на Ковид-19, животот нема да се врати во нормалност ако таа нормалност значи социјална неправда и деградација на природната средина.
– Колку би било тажно ако приоритет за добивање на вакцината против ковид-19 им биде дадена на најбогатите, истакна римокатоличкиот поглавар..
Тој, исто така, оцени дека би било скандалозно ако целата економска помош, главно преку употреба на јавни средства, да заврши во заживување на индустриите кои не им помагаат ниту на сиромашните, ниту на животната средина.