Пантон: Mагентата е боја што ќе ја обележи 2023


САД- Институтот за бои Пантон ја избра бојата што ќе ја обележи следната година – вива магента.

Опишувајќи ја како нијансиран темноцрвен тон кој ги балансира топлото и ладното, Пантон вели дека вива магента е неконвенционална нијанса за неконвенционално време.

„Храбра и бестрашна, вива магента е пулсирачка боја која промовира оптимизам и радост. Таа е моќна, анимирана црвена боја која поттикнува експериментирање и самоизразување без ограничувања“, стои во соопштението на Пантон.

Изборот на Пантон традиционално се одразува на трендовите во модата, убавината, дизајнот и екстериерното уредување.