Панорама на македонска поезија во зборникот „Шумадиски метафори – 2021“
Панорама на современата македонска поезија е објавена на српски јазик во зборникот „Шумадиски метафори – 2021“, поточно во централното место „Поетско дарување”.
Инаку, зборникот го издава познатата поетска манифестација Шумадиски метафори, која повеќе од триесет години се одржува во градот Младеновац во Србија, и кој обилува со голем број текстови од српски и странски автори.
Панорамата ја подготви главниот уредник на зборникот, Душан Стојковиќ, кој е голем познавач и толкувач на македонската поезија и проза. Тој е годинашен добитник на наградата Книжевен жезол на ДПМ.
Во зборникот се застапени десет современи македонски поети – Влада Урошевиќ, Радован Павловски, Ристо Василевски, Ефтим Клетников, Санде Стојчевски, Ристо Лазаров, Славе Ѓорѓо Димоски, Лидија Димковска, Никола Маџиров и Јовица Тасевски – Етернијан. Сите автори се застапени со по четири песни, и сите се во превод на поетот и академик Ристо Василевски.