Паника во Киев, затворени неколку метро-станици


Неколку станици на киевското метро се затворени утрово за време на шпицот, поради анонимна дојава за експлозив.
Ова на Твитер го објави „Киевското метро“, пишуваат украинските медиуми.
Во соопштението се наведува дека затворени се станиците „Золотиње ворота“, „Красниј хутор“ и „Академгорок“, откако била примена дојава за поставен експлозив.