Паника во Хрватска: Потврдени два нови случаи на труење со минеална вода


 Министерот за здравство Вили Берош потврди дека покрај пациентот од Риека, во Загреб се појавиле и два сомнителни случаи на труење, по пиење минерална вода од шише.

„Во КБЦ Загреб под опсервација се двајца помлади. Јас сум во постојан контакт со болницата и засега може да се каже дека се стабилни и надвор од животна опасност“, вели Берош.

Младиот Ј.Г.(19) испил голтка газирана вода со вкус кој му го изгорел хранопроводот. Надлежните три дена не се огласија. Сличен случај на труење се случи и во мај, исто така во Риека.

Како што пренесува 24sedam.hr, станува збор за истиот пијалок.

„Беше страшно. Одеднаш почна да вика, ништо не беше јасно. Не знаевме што се случува. Само викаше и мавташе со рацете. Викаше дека не може да дише. Истрча до тоалетот, почна да повраќа крв, тоа е страшно. Катастрофа“, раскажува соговорникот кој случајно се нашол во кафуле каде Ј.Г.(19) испил голтка минерална вода со вкус што му го изгорела хранопроводот и завршил во болница во Риека. Колку се сериозни повредите говори податокот дека тој сè уште е во болница.

Инаку, откако  на  социјалните мрежи почна да кружи веста дека маж се отрул пиејќи минерална вода „Ромелкел“ во едно од кафулињата во Риека, денеска под притисок од „Кока Кола“ ја потврдиле оваа информација, јавува Индекс.

Исто така, од компанијата велат дека се работи за изолиран случај и покрај тоа што еден ваков инцидент се случил пред неколку месеци, а денеска се потврдени уште два.

Индекс денеска ја посети фирмата „Сладис“  која поседува неколку кафулиња во Риека. Меѓу нив е и она во кое се затру човек од Риека, при што му изгорел хранопроводот.

Тие одбиле да дадат усна изјава, велејќи дека писмено ќе одговорат на прашањата.

Компанија: Ова навистина нè потресе

Во денешниот разговор со жителите на Риека, Индекс од повеќе извори дознава дека вчера пред да излезе информацијата за труењето во вечерните часови на социјалните мрежи, раководството на Сладис било на средба со членови на компанијата Кока Кола. Затоа денеска испратиле прашања  до Сладис, да објаснат кој ја иницирал средбата и што се разговарало на неа, кои биле заклучоците и кој се присуствувал на средбата, но одговор не добиле

На следното прашање дали споменатото кафуле на социјалните мрежи е местото каде риечанецот се затрул во саботата, еве што рекоа:

„Жал ни е што се случи настан кој крајно ги потресе сите наши вработени и општеството. Во моментот кога се случи немилиот настан нашите вработени навремено реагираа. Била повикана брза помош која за многу кратко време пристигнала.

Соработуваме со надлежните истражни органи на ПУ Приморско-горанска, како и со службите на Државниот инспекторат и сè уште им стоиме на располагање. Во контакт сме и со семејството на повредениот, и му посакуваме брзо закрепнување“, изјавиле од Сладис.