Панел дебата „Регионална соработка и европска интеграција – Агендата на ЕУ за Западен Балкан“.
Во Тренинг центарот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип денеска ќе биде одржана панел дискусија на тема „Регионална соработка и европска интеграција – Агендата на ЕУ за Западен Балкан“.
На настанот кој е во рамки на иницијативата Катедра Аденауер 2024, ќе учествуваат претставници од академската и политичката сфера.
Панел дискусијата ја организираат Фондацијата „Конрад Аденауер“, Центарот за европски студии „Вилфрид Мартенс“ во Брисел, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Академијата за европски интеграции во Скопје.