Пандемијата не е помината, предупредува шефот на институтот Роберт Кох


Шефот на германскиот институт Роберт Кох (РКИ), Лотар Вилер денеска предупреди дека пандемијата на коронавирусот сè уште не поминала.

Вилер на прес-конференција истакна дека жариштата во месната индустрија или на верските служби можат лесно да се шират на остатокот од населението.

Во однос на ова, тој ја истакна важноста од носење маски.

Вилер рече дека важен дел од борбата против пандемијата е „корона апликацијата“, која до сега ја инсталирале 12 милиони Германци.

Според него, дигиталната алатка може да помогне рано да се идентификува синџирот на зараза.

Вилер истакна дека во многу области нема нови случаи на зараза, но оти од минатиот вторник повторно има зголемување на бројот на новозаразени.