“Памтим само сретне дане” – концерт на Филхармонија со хитовите на загрепската поп рок школа од 80-тите и 90-тите години 


На 24 февруари во салата на Македонската филхармонија ќе се одржи концертот “Памтим само сретне дане”, насловен според хитор на Габи Новак. На концертот ќе се пеат хитовите на загрепската поп рок школа од 80-тите и 90-тите години во придружба на филхармонијата.

Публиката ќе има можност да ужива во бесмртните хитови на Парни Ваљак, Прљаво Казалиште, Нови Фосили, Сребрена Крила, Аеродром, Габи Новак, Јосипа Лисац, Тајчи… како и на авторите Зринко Тутиќ, Хусаин Хасанефендиќ-Хус, Рајко Дујмиќ, Ѓорѓе Новковиќ, Џони Штулиќ, Арсен Дедиќ и други, во малку поинаков аранжман, направени од Јосип Цвитановиќ, Оља Дешиќ и Иван Попескиќ.

Солистите придружувани од Македонската филхармонија, под диригентската палка на Јосип Цвитановиќ, ќе се потрудат во една вечер да направат мал избор на хитови од загрепската поп-рок школа.

Како вокални солисти ќе настапат легендарните Владо Калембер и Јурица Паѓен, Аида Мушановиќ-Аршиќ, Дејан Цукиќ, Агни Афшар, Мартина Мајерле и Макс Хозиќ.
 
Ова е втор ваков проект по минатогодишната премиера на проектот „Има једна тајна веза“.