Паметниот избор на акции носи атрактивни приноси, вели инвестицискиот советник Костадиновски
Минатата година се покажа како екстремно позитивна за вложување во акции и со паметен избор на квалитетни акции се остварија атрактивни приноси, затоа што вложувањето во акции е реален и опиплив имот, порача Коста Костадиновски, овластен инвестициски советник од Капитал Ассет Менаџмент на традиционалната Годишна инвеститорска средба.
„Во услови на дополнителна претпазливост поради глобалните случувања минатата година, Капитал Ассет Менаџмент успеа да постигне впечатливи резултати, материјализирајќи ги придобивките од вложувањата во претходните години и оствари значителен принос на средствата на клиентите. Умешноста на компанијата да го согледа совршениот момент за берзански активности донесе стабилност во услови на посилни економски и политички турбуленции на пазарите“, додава Костадиновски.
Тој очекува 2025 да биде година во која ќе продолжи економската стабилизација, освен факторот Трамп, кој секогаш може да донесе изненадувања.
„Берзански ќе има добри можности за инвестирање, посебно во компании кои докажано носат поробустни профити и дивиденди. Домашниот пазар помногу параметри е фундаментално преценет и во такви услови на овој пазар ќе бидеме присутни единствено доколку се појават атрактивни цени за купување или доколку компаниите позитивно изненадат со надминување на остварените добивки“, додава Костадиновски.
По однос на економското опкружување на средбите и со инвеститорите и со новинарите беше истакнато дека во 2025-та се очекува дополнително разлабавување на монетарните политики, со поголем интензитет во Европа, односно намалување на каматните стапки коешто ќесе рефлектира со позитивни движења на берзите.
Една од најрелевантните интернационални инвестициски куќи, ЈП Морган, во своите анализи за 2025-та година во однос на глобалната економија очекува да има поробустен раст, со исклучок на Кина каде се очекува забавување на растот. Глобално, на берзите се очекува да има поширок интерес за различникомпании, односно се очекува разводнување на моменталната концентрација вотехнолошките компании. На развиените пазари, се очекува каматните стапки да останат на овие нивоа подолго време, со исклучок на Европа. Додека постои генералното очекување за забавување на инфлацијата, за аналитичарите на ЈП Морган можно е да се видат периоди на зголемување на инфлацијата поради најавените политики за зголемување на царините.
Во 2024-та година, Друштвото двојно го зголеми имотот под управување со индивидуално портфолио за клиентите, како резултат на нови вложувања од страна на клиентите, како и од пораст на вредноста на акциите во кои се инвестирани нивните средствата.
Статистички гледано, кога се вложува во акции постои девет пати поголема веројатност да имате добивка од 15 или повеќе проценти отколку да бидете во минус од 15 или повеќе проценти. Затоа Костадиновски уште еднаш потенцира дека секогаш е препорачливо долгорочно и континуирано вложување.
Друштвото дава услуга на индивидуално управување со портфолио, при што индивидуалните и институционалните инвеститори го доверуваат управувањето со нивните инвестиции во финансиски инструменти на професионални портфолио менаџери.
Капитал Ассет Менаџмент е единствено друштво на пазарот за инвестиционо советување и индивидуално управување на портфолио на хартии од вредност овластено од Комисијата за хартии од вредност на РСМ.