Памела Андерсон пред гласањето во Хрватска: Излезете од националистичкото минато

27.02.2019, Österreich, Graz: Pamela Anderson, kanadisch-US-amerikanische Schauspielerin, spricht bei einer Pressekonferenz vor dem Elevate Festival. Das «Festival für zeitgenössische Musik, Kunst und politischen Diskurs» findet alljährlich in Graz statt und bietet eine Mischung aus Diskussionen, Workshops und Musik. Foto: Erwin Scheriau/APA/dpa +++ dpa-Bildfunk +++

Познатата американска актерка, Памела Андерсон, неодамна се вклучи во изборната кампања за Европскиот парламент така што го поддржа Покретот за демократизација Европа 2025 (ДИЕМ25). Основачи на тој покрет се бившиот грчки министер за финанансии Јанис Варуфакис и хрватскиот филозоф и активист Сречко Хорват, со кого блиску соработува. Пред утрешното гласање во Хрватска таа во интервју за Порталновости им порача на Хрватите да ги поддржат граѓанските движења и децата што штрајкуваат, да излезат од националистичкото минато и да се вратат во иднината.
Многумина во Хрватска ги изненади неодамнешната нејзина поддршка на Твитер за хрватската лево-зелена политичка платформа – Можеме!.
„Како што знаете. Имам добар пријател од Хрватска. Тој моментно учествува во изборната кампања во Германија како кандидат за пратеник во ЕП. Тој ми кажа за Можеме!Потоа се сетив дека го запознав Томислав Томашевиќ кога во дебатниот клуб на Универзитетот „Кембриџ“ држев предавање за заштитата на животните и климатските промени. Сега слушнав дека Можеме! го промовира Зелениот нов договор, како што тоа го прави ДИЕМ 25 низ Европа“, вели Андерсон која силно го поддржува Жулиан Асанж и Викиликс.
Поголемиот број луѓе ја познаваат Андерсон како ултимативен секс-симбол, модел кој бил рекорден број пати на насловната страница на „Плејбој“ – дури 14. Но помалку е познато дека актерката од канадско потекло има долга кариера на јавен ангажман околу низа општествени проблеми, како борбата против сидата, правата на животните, прашањето за климатските промени…