Пакети со овошје донирани во повеќе болници во државава


Вработените во компанијата „Моцарт“ во рамки на пакетот помош во вредност од 50.000 евра во последната акција доставија неколку тони овошје во повеќе болници ширум земјата.

Од компанијата соопштија дека од појавата на пандемијата во нашата држава постојано организираат различни акции, помагајќи ги здравствените установи, медицинскиот персонал и најранливите категории.

– Инаку, витаминските пакети со свежо овошје се само дел од акциите кои компанијата Mozzart ги организираше изминатиов период. Општествено одговорните активности не запираат, а овој пат ги посветивме на нашите херои – здравствените работници кои работат 24/7 и се борат против овој вирус, давајќи огромна жртва за сите нас, максимално вложени во својата работа. Со овој знак на внимание сакаме да им изразиме голема благодарност, а ние продолжуваме и понатаму да придонесуваме кон општеството во кое делуваме и преку различни акции да помогнеме таму каде што е најмногу потребно, изјавија од менаџментот на компанијата.

Овошјето беше распределено во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, Општата болница во Куманово, Институтот по белодробни заболувања кај децата – Козле, Градската општа болница „8 Септември“, Општата болница „Ферид Мурад“ во Гостивар, Општата болница во Струга, Клиничката болница во Штип…Компанијата досега реализираше и многу други акции, меѓу кои набавка на заштитни средства, пакети со храна и донација на телевизори наменети за повеќе установи низ државата, стои во соопштението.