Пак големи бројки на новозаболени во Србија – 19.214

Починале уште 58 лица. Процентот на позитивни примероци од тестираните е огромен – 48,6 отсто


Се чинеше дека Омикрон бранот на корона вирусот во Србија малку стивнува, но денешните податоци покажуваат дека заразата и натаму е многу голема. Според официјалните податоци, уште 58 лица починале во последните 24 часа како последица на корона вирусот во Србија, со што вкупниот број на жртви е 13.687, објавено е на веб-страницата на Министерството за здравство.

Од последниот пресек на состојбата во Србија, тестирани се 39.473 лица на коронавирус, од кои 19.214 се позитивни. Процентот на позитивни примероци е огромен – 48,6 отсто.

На респиратори се 148 пациенти. Вкупно 3.848 лица се хоспитализирани.

Во Србија од почетокот на епидемијата официјално се потврдени 1.697.012 случаи на инфекција.