Спајк Ли претседател на жирито на Канскиот филмски фестивал


Франција– Американскиот режисер Спајк Ли (62) ќе биде претседател на жирито на годинашниот Филмски фестивал во Кан, што ќе се одржи од 12 до 23 мај, објавија организаторите.

Ли рече дека има чест да стане првиот човек од африканската дијаспора што е избран за престижната позиција на претседател на жирито на најважниот филмски фестивал во светот.

Директорот на фестивалот, Тиери Фремаус појасни дека именувањето на првиот Афроамериканец за претседател на жирито во Кан не е политичка одлука, туку порака за универзалност.

Ли е едно од најголемите имиња во американската независна продукција и автор на филмови, меѓу кои се „She’s Gotta Have It“ (1986), „Malcolm X“ (1992),„Inside Man“(2006).