Паѓа бројката на пациентите на интензивна нега во Италија


Бројката на излечените од корона вирусот во Италија денес изнесува 2.729 (нов рекорд), но после неколку дена бројот на жртвите повторно се искачи над 500, откако неколку дена беше под тој праг.

Денеска има 2.471 лица на интензивна нега, 102 помалку од вчера. 24.134 лица се хоспитализирани со симптоми, 772 помалку од вчера.

Во последните 24 часа починаа 534 лица (вчера имаше 454 жртви), достигнувајќи вкупно 24.648 смртни случаи. Бројката на излечените достигна 51.600

Падот на болните лица изнесува 528 (вчера падот беше 20) додека новите откриени инфекции во последните 24 часа се зголемени на 2.729 (вчера беа 2.256).

Сепак, овие два податоци треба да бидат анализирани во однос на бројот на направени брисеви. Денес се направени 52.126 брисеви (вчера 41.483). Вкупниот број на луѓе кои се заразиле со вирусот од појавата е 183.957.