Падот на Прага – пијаните туристи го освоија градот
Чешка- Еуген Кукла не можеше да ги искаже своите чувства појасно додека 120 пијани туристи бучно поминуваа покрај неговиот дом околу полноќ, грубо кршејќи ја тишината на една нормално улица со жители во градот.
„По ѓаволите со овие што се влечат по пабови“, повторуваше одново и одново, додека ја снимаше сцената со неговиот паметен телефон. Некои од толпата реагираа весело, смешкајќи се и мавтајќи кон камерата.
Но на Кукла (55), новински фоторепортер, не му е смешно.
„Тоа е израз на моите лични чувства, создавање фрустрација за долг временски период, години и години и години“, рече тој. Кукла вели дека неговиот живот и на неговото семејство е нарушен од наездата на туристите во пабовите низ центарот на Прага кои поминуваат покрај неговиот стан на четвртиот кат. „Тоа трае 10 или 15 години – но се влошува“.
Локалната власт од Прага 1, надлежна за историската туристичка област на чешката престолнина – сега е под напрегнатост како никогаш досега од огромниот прилив на странски посетители.
Во ноќта кога илјадници Чеси маршираа низ градот по повод годишнината од инвазијата предводена од Советскиот Сојуз на 21 август 1968 година, која ја уништи либералната Прашка пролет во комунистичката Чехословачка, туристите од Австралија, Нов Зеланд, Германија, Франција, Бразил, Белгија и Ерменија шетаа по улиците со поинаква мисија – да се забавуваат и да пијат.
Спектаклот беше графички доказ дека „прекубројниот туризам“, феномен што почесто се поврзува со дестинации како што се Барселона, Амстердам, Венеција и Единбург, пристигна во Прага – град кој беше запечатен за западните посетители до 1989 година кога Кадифената револуцијата го исфрли поранешниот комунистички режим од власта.
Во годините што следуваа се зголемуваше бројот на посетители, од 2,62 милиони во 2000 година, на нешто помалку од осум милиони минатата година, привлечени од угледот на Прага како дом на зачудувачки барокни и готски архитектонски драги камења – и евтино пиво. Бројките оваа година се предвидува да достигнат нешто помалку од 9 милиони.
Трендот ја трансформира Прага и ризикува да ги истурка долгогодишните жители на центарот на градот – историски сметани за станбена област – и да ја претвори во зона само за туристи. Таа перспектива беше наречена „понижувачка“ од Јан Штерн, кој ја презеде функцијата оваа година како прв „градоначалник на ноќниот живот“ во градот и преговараше со сопствениците на барови обидувајќи се да ги убеди да не соработуваат со талкачите по пабови и да се спроведуваат политики кои забрануваат бучава на отворено што би направило услови поподносливи за соседните жители.
„Важно е да не се откажуваме од историскиот центар на градот, што е наше највредно наследство, и да не дозволиме таа да стане мртва зона која е само кулиса за ноќен живот и евтин вид туризам“, рече Штерн.
Сега властите – вознемирени од можноста и зголемената репутација на градот, како локација за евтино напивање и лесна забава – ветија потврда линија со посетителите со лошо однесување, од кои некои се обвинети за непочитување на Прага и нејзините жители.
„Во иднина може да има повеќе активности преземени од полицијата. Ние сакаме да ја испратиме оваа порака “, рече еден општински службеник. „Ќе има потврд третман против туристите и поостра акција кога тие ќе прават бучава. Дури има и гласови кои повикуваат да користат единици за справување со немири. Кога има 150 луѓе во пабот, треба да има многу полицајци кои бараат документи. Ако некој е пијан, ќе бидат однесени во алкохолни станици и работите би можеле да бидат навистина тешки“.
Прекумерниот туризам, како што е дефинирано од тројца академици минатата година, е „прекумерен раст на посетителите што доведува до пренатрупаност во области каде што жителите трпат последици, кои извршија постојани промени во нивниот животен стил, пристап до удобности и општа благосостојба“. Таа дефиниција на Џозеф Чиар, Клаудио Милано и Марина Новели, пишувајќи на веб-страницата „Conversation“, соодветно ја сумира реалноста на многу европски градови кои ги доживеале наградите – но исто така и на товарот – на експлозијата во евтини летови и сместување во стилот на „Ербиенби“ што ги донесоа последните години.
Но тоа е особено релевантно за Прага, според Павел Чижински, градоначалник на Прага 1, кој вети дека ќе го трансформира пристапот на градот со тоа што ќе се спушти работното време на пабовите и ќе го ограничи времето за служење алкохол. Тој, исто така, промовира информативни насоки за да ги охрабри туристите да посетуваат повеќе периферни области наместо сите да се слеваат кон Карловиот мост и историскиот замок од деветтиот век.
Центарот на Прага „го губи квалитетот на нормалниот живот“, рече Чижински, роден во Прага, кој порасна во близина на еврејскиот кварт. „Центарот станува рудник за злато каде заработувате многу пари, но не е место за живеење. Тоа е значаен и клучен проблем. Премногу луѓе доаѓаат само за многу мал број цели, а зградите и оние кои сакаат да заработат од присуството на туристите ја влошуваат ситуацијата“, вели тој.
Знаците на ваквата комерцијализација управувана од туристите се насекаде, кои се гледаат во ширењето на евтини продавници за сувенири, салони за масажа насликани со несоодветни бои – пример за она што официјалните лица го оценуваат како „визуелен смог“ – и танчерите во гигантски панда костуми што шпартаат на Стариот плоштад, искористувајќи ги локалните закони. Таа практика ќе биде нелегална од следниот месец.
Но комерцијалните пабови и другите „тури“ поврзани со алкохолот драматично го менуваат претходно спокојниот карактер на градот и истеруваат сè поголем број долгогодишни жители надвор, оставајќи слободни недвижнини да се изнајмуваат.
Велосипедите за пиво, кои нудат тури до десетина луѓе истовремено додека пијат неограничени количини на познати чешки пијалаци заедно со гласна музика, станаа озлогласени, го блокираат сообраќајот и ги вознемируваат минувачите. Обидот на советот да ги забрани во моментот се оспорени од локалните мали пиварници во градот кои велат дека таквата мерка е „дискриминаторска“.
Исто така, познати се и турите за прошетки во Мала Страна, во близина на Прашкиот замок, кои често кулминираат со посети на Ѕидот на Ленон, познато место за протести за време на комунистичко време, кое оттогаш стана место за слободно изразување за битни уметници на графити, но сега се обесхрабрени со безумно прскање со спрејови поттикнато од туристичките водичи.
По понудата на неограничено пиво, познато е дека водичите ги туркаат клиентите да позираат на градските обележја. Туристите се качувале на статуите на бебиња дизајнирани од чешкиот уметник Давид Черни во паркот Кампа и истурајќи пиво во устите на две машки фигурини во дворот на музејот Франц Кафка.
Власта ги испитуваше турите по поплаките дека луѓе уринирале на статуа откриена во 2014 година од страна на сер Николас Соумс, внук на Винстон Черчил, во чест на чехословачките пилоти кои се бореле со РАФ во битката за Британија.
Некои учесници пишувале непристојни пароли на Леноновиот ѕид, сопственост на Суверениот ред на Малта, кој потоа поднесе кривична пријава.
Жителите велат дека ваквата активност ги направила условите за живот неподносливи. „Се сеќавам на овој плоштад како тивка област каде што ретко би запознавал со некого, а камоли со турист“, вели Каролина Пеаке (43), адвокатка која го живее целиот свој живот во куќа близу ѕидот.
„Уште откога ѕидот стана дел од туристичкиот круг, стана малку кошмар, а во последните пет години е неподносливо. Многу пијани туристи доаѓаат и постапуваат како да го освоиле местото, наместо само да го посетуваат. Тие немаат почит кон фактот дека тука живеат луѓе – и ги тера луѓето да преиспитаат дали сакаат да продолжат да живеат на место каде што нивните семејства биле со генерации“.
Понекогаш непристојните графити на Леноновиот ѕид се раширија на соседните имоти, а некои дури и на автомобилите. „Тоа е чист вандализам“, додаде Пеаке.
Едно особено грдо парче вандализам минатиот месец ги поттикна градските власти да преземат акција, кога беа испишани графити на 600-годишниот Карлов мост. Двајца германски туристи биле казнети со глоба и им било наредено да ги платат трошоците за обнова. Графитите подоцна ги отстранил еден Чех, дејствувајќи сам и без овластување.
Од Будимпешта, град со споредлива архитектура, која го дели своето комунистичко наследство и новооткриените проблеми со туризмот, гледаат малку со завист на Прага.
„Она што го гледам од Будимпешта е дека туризмот во Прага се управува многу подобро“, рече Даниел Немет, де факто градоначалник на ноќниот живот на унгарската престолнина, кој работи под приватно здружение на околу 50 сопственици на деловни активности. „Имаме многу исти проблеми, имаме два лета со нискобуџетни авиони од Лондон секој ден. Но Прага е пред Будимпешта во назначувањето на официјален ноќен градоначалник, давање информации за тоа што да прави и да не се прави и генерално да биде проактивно. Будимпешта може да научи многу од тоа“. (Опсервер)