Падот на БДП на САД во второто тримесечје може да достигне 24 отсто


Аналитичари на водечките банки интевјуирани од „Волстрит џорнал“ предвидуваат нагло намалување на БДП на САД во второто тримесечје. Најверојатно тоа ќе се случи и во третото тримесечје.

Како што предвидуваат во „Голдман сакс“, падот на БДП на САД може да достигне 24 отсто доколку невработеноста порасне од сегашните 3,5 до девет отсто.

Според аналитичарите, ваквиот пад на економијата е сличен на финансиската криза и Големата рецесија во 2007 и 2008 година. Сепак, се предвидува падот да биде заменет со активен раст на економијата во четвртото тримесечје, додека БДП за цела година може да биде во минус само 3,1 отсто.