Падна првиот снег на Пелистер

Ниските температури кои ја зафатија земјава периодов, придонесоа на повисоките места да има и врнежи од снег.
Првиот снег падна на Пелистер, каде што температурите достигнаа и до 3 степени под нулата.
Така утрово падна и првиот снег.
Ниските температури ќе се задржат и деновиве. На пониските места ќе има врнежи од дожд.
Фото: БабамБитола