Падна кран од зграда во изградба во Кавадарци, нема повредени


 

Падна кран од зграда во изградба во Кавадарци, нема повредени, има материјална штета, оваа информација за МИА ја потврди Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

Тој потврди исто така дека се работи за истата зграда, каде што пред извесен период исто така падна кран, а тогаш загинаа две лица.