Падна авион кај Дарувар во Хрватска


 

Авион од типот МиГ падна кај Слатина, во Хрватска, а во моментот трае потрагата по двајцата пилоти.

Со едниот пилот воспоставен е контакт, а со другиот уште не.

Кон местото на падот се упатил и воен хеликоптер.

„Авион на Хрватското воено воздухопловство МиГ-21 во тек на планирана активност за обука во вторник, пред 14 часот, падна на подрачјето кај Слатина, во Вировитичко-подравската жупанија.

Преземени се сите мерки за пронаоѓање и спасување на посадата,“, јави Министерството за одбрана.

Додаваат дека авионот паднал во ненаселено подрачје.

Познавачите тврдат дека сигурно се случил некој технички проблем, но можно е и птица да влета во моторот. Велат не е важно дали авионот е стар или нов, важно е дали е исправен или не. никој нема да одобри лет на неисправен авион.

На местото на падот одат министерот за одбрана и началникот на Главниоот штаб на оружените сили.