Пад на бројот на новозаразени и починати од Ковид-19 во Италија


 

Во Италија во последните 24 часа потврдени се 16.308 нови случаи со корона вирус, а починаа 553 лица, соопшти Министерството за здравство.

Тоа е пад во однос на претходниот ден кога беа забележани 17.992 нови случаи, а починаа 674 пациенти

Во болниците во италија има 25.364 пациенти кои се лекуваат од Ковид-19, а 2.784 се на интензивна нега.

Од почетокот на епидемијата во таа земја забележани се 1,94 милиони случаи, а починаа 68.447 лица.