Пацоли повторно најавува забрана за српски претставници да го посетат Косово

Тој нагласи дека Приштина ќе му забрани посета секому што се обидува да ги наруши меѓуетничките односи, додека, пак, пријателите се секогаш добредојдени.
Пацоли тврди дека Косово е „слободна и демократска држава која гарантира слобода на движење“.
Приштина досега многу пати им забранила влез на српски претставници во Косово, а последниот случај беше на 10 јули кога не им беше дозволена посета на српскиот министер за одбрана Александар Вулин и делегацијата од Министерството за одбрана и Военото здравство на Клиничкиот-болнички центар во Косовска Митровица.