Пациенти со Ковид-19 од Белград се носат во Крагуевац и во Ниш за да се ослободат места


 

Во последните 24 часа во Србија се забележани 5.774 заразени лица, додека починаа 28 пациенти.

На респиратор се 20 пациенти, што е најмногу од почетокот на епидемијата.

Владата на Србија денеска донесе седум нови мерки за сузбивање на ширењето на корона вирусот, а ќе стапат на сила во вторник.

Министерот за здравство Златибор Лончар, рече дека основниот проблем на здравсрвениот систем е недостатокот на болнички места, посебно во Белград.

„Се договоривме да ослободиме места во Белград за потешките пациенти. Полесните ќе одат во Нишка бања, а денеска во привремените болници во Ниш и во Крагуевац. Тоа ќе почне за еден час, за помирно да ја дочекаме ноќта“, рече тој.