Пациент вo Романија лажел за своите патувања и заразил 22 медицински работници со Ковид-19


Вкупно 22 медицински работници од букурешката болница „Димитрие Џерота“ се заразени со новиот коронавирус, откако биле во контакт со поранешен полицаец кој таму се лекувал.

Од 49 случаи на коронавирус, потврдени вчера во Романија, 22 се поврзани со поранешниот полицаец, откако прво ги излажал докторите дека не патувал во ризична земја, и покрај тоа што претходно бил во Израел.

Поголемиот дел од 22-та медицински работници се примeни во болницата „Виктор Бабеш“ во Букурешт.

Групата за стратегишки комуникации потврди 29 нови случаи на зараза во Романија.
Вкупниот број на заразени со Ковид-19 во земјата изнесува 246 лица.