Оздравени 47 пациенти од ковид-19, нови само седум


Фото: Б. Грданоски

Институтот за јавно здравје, денеска, регистрира 47 оздравени пациенти.
– Скопје 9
– Куманово 9
– Прилеп 8
– Тетово 13
– Охрид 1
– Гостивар 5
– Кочани 1
– Крива Паланка 1

Во изминатите 24 часа се направени 113 тестирања, а потврдени се седум нови случаи на ковид-19, и тоа во: Скопје-1, Прилеп-1, Тетово-4 и Кратово-1. Инаку, досега се направени вкупно 17.359 тестирања на КОВИД-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина еден пациент од Скопје на 65-годишна возраст, хоспитализиран на клиниката од 27 април.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.518 лица, бројката на оздравени пациенти е 992, на починати е 85, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 441 лице.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се двајца нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 41. На кислородна поддршка е 21 пациент, а на механичка вентилација е еден пациент. Во ГОБ „8 септември“ примени се тројца нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 24 од кои на респираторна машина се пет пациенти, а уште тројца се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекуваат четворица пациенти, а на домашно лекување се следат уште двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани четворица, а уште четворица се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Гостивар и Тетово се хоспитализирани 46 позитивни и суспектни на Ковид-19, стои во соопштението од Министерството за здравство.