Оздравеа уште 69 пациенти, новозаразени се 29, а починаа четворица

Фото; Б. Грданоски

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 69 оздравени пациенти.
– Скопје 18
– Куманово 36
– Дебар 1
– Штип 1
– Велес 10
– Гевгелија 1
Во изминатите 24 часа направени се 362 тестирања и потврдени се 29 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје -11, Куманово – 4, Прилеп – 3, Тетово – 2, Велес – 6, Кочани – 3.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Прилеп, пациентка на возраст од 55 години, лекувана на клиниката од 24 април и 87- годишен пациент, лекуван на клиниката од 27 април, и двајцата со тешка форма на болеста и респираторна слабост. Институтот регистрира уште едно починато лице во Прилеп, жена на возраст од 69 години, позитивна на вирусот, починала дома. Во ГОБ „8 Септември“ почина пациент од с. Зрновци (Кочани) на 62-годишна возраст, на болничко лекување од 21 април.

Вкупната бројка на  дијагностицирани од Ковид-19 во нашата земја изнесува 1.494, бројката на оздравени пациенти е 807, на починати 81, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 606.