Овој +18 кармин е најпродаван во светот, еве зошто


Познатата шминкерка Исамаја Френч се погрижи карминот да не изгледа здодевно и претстави +18 пакување во форма на пенис. Колекцијата со име LIPS е трета во низата што ја објави иконата на сцената за убавина, а ден потоа, секако, сите зборуваат за фалусната форма на пакувањето.


Карминот е анатомски направен  од хромиран метал и нуди можност за повторно полнење, а тежи дури 300 грама, што е многу повеќе од тежината на класичен кармин. Beauty кралицата  изјави дека идејата за колекцијата и дошла на сон, а додала дека амбалажата освен функцијата за нанесување кармин, може одлично да изгледа и како украс на полицата.
„Едвај чекам да видам некој да го извади овој кармин од чантата и да го стави на усните додека се вози во метро или автобус“, коментира Исамаја, додавајќи дека целиот процес на дизајнирање со тимот бил исклучително забавно искуство.

Исамаја Френч е позната по миксот на козметички производи со дизајнот и уметноста – пред кармините во форма на пенис, таа лансираше и маскари со скулптури на коњи.

Во понудата моментално има два производи: црвен кармин и мелем за усни, од кои карминот веќе исчезна од официјалната веб-страница на брендот и покрај цената од 98 долари. Добрата вест е дека ако сакате таква што му оддава почит на машкото тело, брендот ќе објави цела палета на нијанси до крајот на годината.