Овластувањата на Мизрахи преминуваат кај заменикот министер Ѓонул Бајрактар


Заменикот министер за труд и социјалната политика Ѓонул Бајрактар ги презема овластувањата и одговорностите во Министерството за труд и социјална политика, одлучи Владата на денешната седница.

Според заклучокот на Владата создадени се условите од член 48, став 2, од Законот за организација и работа на органите на државната управа и од тие причини Ѓонул Бајрактар, заменикот на министерот за труд и социјалната политика, ги презема овластувањата и одговорностите во раководењето со Министерството за труд и социјална политика.

Согласно овие законски одредби, заменикот го заменува министерот во случај кога тој е отсутен или кога поради болест и други причини не е во можност да ја врши својата функција, со сите негови овластувања и одговорности во раководењето.

На денешната седница на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од Буџетот  на Македонија и беа одобрени 5.277.000 денари за следење на изборните активности во 2020 година.

Владата денеска поништи и неколку решенија на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, а кои што се однесуваат на распоредување на лица на одредени работни места и наредби за извршување работи и задачи.