Овие модни изгледи доминираа на црвениот килим на Златен глобус 2025
Високата мода се врати во Холивуд, на првиот гала настан кој ја отвара сезоната на филмски награди, синоќа на црвениот килим на 82. „Златни глобуси“ во Лос Анџелес, со успешни и понеуспешни креации. Некои ѕвезди разочараа со изборот, некои изненадија.
Од поедноставни, минималистички фустани кои се вечна класика и со нив никогаш не можеме да погрешиме, па сè до необични изгледи кои го освоија вниманието на сите гости. За овие модни изданија ќе се зборува уште долго време.
Една од оние кои воодушевија со нејзиниот стајлинг беше Анџелина Џоли. Иако сме навикнати да ја гледаме во различни модни изданија, овојпат таа повторно успеа да не изненади. Американската актерка за црвениот тепих избра впечатлива креација на познатата модна куќа Александар Меквин, а се работи за металик фустан од нивната нова колекција за пролет 2025. Анџелина изгледот го заокружи со металик блескави чевли на високи потпетици и интересен накит.
Покрај неа, со модно издание на црвениот тепих се истакна и модната икона Никол Кидман. Австралиската актерка е една од оние кои не се плашат да експериментираат, а овој пат избра сребрен фустан од Balenciaga со отворен грб кој одлично и прилега, а е дел од нивната колекција Висока мода.
Актерката Софија Вергара за оваа специјална пригода избра црн пенлив фустан од Жорж Чакра со отворени раменици, а нејзиниот изглед не ја разочара ниту Зендаја, која на доделувањето на Златните глобуси носеше живописен портокалов фустан од познатата модна куќа Луј Витон.
Исто како Зендаја, Ема Стоун се одлучи за креација на Луј Витон, црвен фустан до раменици со впечатлив свилен ремен на половината. Но, наместо нејзиниот моден избор, актерката се најде во центарот на вниманието поради новиот имиџ, скратувајќи ја долгата кос во боб фризура.
Памела Андерсон и годинава продолжува со стилот без шминка на гала настаните. За црвениот тепих избра гламурозен црн фустан од Оскар де ла Рента, а изгледот го комплетираше со долги црни ракавици, накит од Пандора и сандали со отворени црни потпетици.
Но, не воодушевија само славните дами во модните изданија, тоа го направи и машкиот дел од познатите ѕвезди. Така, Даниел Крег апсолутно доминираше во класичен црн костум од модната куќа Џорџо Армани, а не помалку воодушевен беше и неговиот колега Тимоти Шаламе, кој се одлучи за струкиран костум на Том Форд со светки кои одлично му прилегаа.