Овие дамки не се отстрануваат со вода


Многу луѓе често се обидуваат да ги отстранат дамките со вода, мислејќи дека ќе исчезнат ако облеката добро се испере. Но, некои видови дамки не само што не можат да се отстранат со вода, туку обидот да се направи тоа само ја влошува ситуацијата. Ако се прашувате како успешно да ги отстраните дамките од мастило, кал и масло – овие совети ќе ви се најдат.

Кал

Водата воопшто нема да помогне во отстранувањето на калта од облеката. Во овој случај, најдобро е да почекате да се исуши дамката, а потоа користете четка за да отстраните што повеќе кал. После тоа, ставете ја облеката на претперење заедно со отстранувач на дамки, а потоа исперете ја како и обично.

Масло

Преливот за салата некако секогаш завршува во вашиот скут? Триењето на дамката од маснотии под вода нема да помогне. Наместо тоа, посипете ја дамката со малку бебешка пудра за да го впие вишокот масло, а потоа ставете ја облеката на циклус пред перење што е можно поскоро.

Мастило

Ако секој ден се враќате од работа со дамки од хемиско пенкало на облеката, особено на кошулите, сигурно сте се обиделе да ги отстраните дамките со вода, но безуспешно. Следниот пат избегнувајте вода бидејќи само дополнително ќе ја рашири дамката, па отстранете ја со сунѓер натопен во алкохол или раствор за хемиско чистење.