Овации за Федерер на Вимблдон


Лондон-  Поранешниот швајцарски тенисер Роџер Федерер (41) покажа дека сè уште е крал на Централниот терен, откако организаторите му оддадоа почит за сите успеси кои ги постигна во својата кариера на лондонскиот грен – слем турнир.

Федерер осум пати го освојуваше Вимблдон, што е рекорд во поединечна машка конкуренција.

Федерер, кој беше свеж од појавувањето на сцената со Колдплеј во Цирих за време на викендот, доби бурни овации и беше видно трогнат пред да седне на своето место до принцезата од Велс, заедно со сопругата Мирка, видно ослабена, со огромниот дијамантски прстен на левата рака, кој и претходно го покажуваше, кога го бодреше сопругот од трибините.

На церемонијата беше поканета и американската тенисерка Серена Вилијамс, но таа го откажа патувањето, бидејќи е бремена.

Серена Вилијамс седум пати триумфираше на Вимблдон, а професионалната кариера ја заврши минатата година.