„Оваа зграда зборува (на)вистина“ вечерва во Кино Култура


Добитникот на главната награда „Златна Трига“ на Прашкото квадриенале за перформанс дизајн и простор 2019, перформанс инсталацијата „Оваа зграда зборува (на)вистина“, вечерва во 19 часот, ќе се прикаже во Кино Култура- проектен простор за современи иведувачки уметности и современа кулутракако дел од прогарамата „Уметност Политика Институција Тело“ на Локомотва- Центар за нови иницијативи во уметноста и културата, Скопје

„Оваа зграда зборува (на)вистина“ е перформанс составен од три дела: инсталација со перформативен дел во соработка со актерката Кристина Леловац; кратко видео насловено „Кино Култура“ и двојазична публикација. Проектот се перформира во размер 1:100 како едно кондензирано искуство од минати активности, како архива од повеќе времиња, кои би требало и во живо да ни кажат: Ако успееме овде, можеме да успееме секаде! А токму тоа е и дизајнот на перформативната агонистичка заедница.

Со овој уметнички проект беше претставен павилјонот на Република Северна Македонија на Прашкото квадриенале за перформанс, дизајн и простор (6-16 јуни, 2019 година) и ја доби главната награда „Златна Трига“ на оваа престижна манифестација.

Проектот беше поддржан од Град Скопје и Министерството за култура.