Оваа година најжешка во Франција од 1900-та


 Оваа 2020 година беше најжешката година регистрирана во Франција од почетокот на мерењата во 1900 година, соопшти денеска  Метео-Франс, што дава нова потврда на глобалното затоплување.

„Освежувањето на крајот на годината нема да промени ништо. Сега е и официјално: со просечна температура во целата земја од 14 степени Целзиусови, 2020 година е најжешката досега регистрирана, јави дописникот на МИА.

Во средината на декември, Метео-Франција веќе го процени овој рекорд како веројатен, но се уште чекаше податоци за декември за да го потврди рекордот. И покрај „прилично студениот“ почеток и крајот на декември, месецот во просек заврши со прилично благи температури, не дозволувајќи да се сврти трендот.

Оваа  2020 година се најде на врвот, пред 2018 и 2014 година, со низа екстремни настани во текот на целата година, од бури на почетокот на годината до исклучителни врнежливи епизоди есенва, вклучително и две епизоди на топлотен бран во текот на летото. Друг знак на глобално затоплување, од 120 години откако се измерени националните просеци во Франција, девет од десетте најтопли години се во 21 век и седум во последната деценија.

Ова затоплување верно се пресликува од глобалното ниво, при што Светската метеоролошка организација проценува дека 2020 година се очекува да биде една од трите најжешки години што е забележана досега.