Ова се најпосакуваните автомобили во Македонија

Најпосакуван автомобил во Македонија е Cupra Formentor, покажаа резултатите од гласањето на Златно тркало 2025, по двонеделно активно учество на автомобилските ентузијасти од целата држава.
Ова петто издание на Златно тркало 2025 донесе рекорден интерес – досега најголем одзив во историјата на изборот, со вкупно 30.630 гласови распределени во пет категории.
Најпосакуван семеен автомобил во Македонија со 27 отсто од гласовите е Opel Grandland, додека најпосакуван градски автомобил во земјава е Geely Coolray, кој доби 24 проценти од гласовите.
Според резултатите од гласањето, најпосакуван електрифициран автомобил во Македонија со 30 отсто од гласовите е Peugeot 3008.
Циклусот на гласање за Златно тркало 2025 официјално заврши на 4 април во 23:59 часот. Учество можеа да земат сите нови автомобили кои се промовираа на пазарот во изминатите 12 месеци, а на конечната листа се најдоа моделите кои овластените импортери одлучија да ги номинираат. По ова, финалистите беа ставени на гласање пред јавноста, а сите граѓани од земјава кои имаат пристап до интернет и социјални мрежи можеа да го дадат својот глас.