Ова се најголемите трговски синџири во Европа


Супермаркетите ширум светот останаа отворени за време на најстрогите мерки за пандемијата. Нивната работа е важна бидејќи тие сè уште се главната дестинација за купување намирници во Европа.

Во супермаркетите се продаваат 41 отсто од сите намирници , пишува магазинот „Пејспејс“. По нив, следат хипермаркетитте и продавниците со попусти (дисконтите) со по 23 проценти удел.

Следува преглед на најголемите трговски синџири.

# 1 Шварц група (Лидл и Кауфланд), Германија
Претприемачот Јозеф Шварц се приклучи на Lidl & Co. Südfrüchtenhandlung во 1930 година како партнер, по што беше преименувана во Лидл & Шварц КГ и насочувајќи се во трговија за храна за регионот Хајлброн-Франкен.

Во 1977 година, под водство на неговиот син Дитер Шварц, групацијата Шварц започна да се фокусира на малопродажните пазари, супермаркетите и пазарите на големо. Дитер Шварц не сакаше да го користи името Scwarz-Markt (што во превод значи „црн пазар“), туку името на поранешниот деловен партнер на неговиот татко А.Лидл, но беше спречен да го стори тоа поради правни причини. Кога открил напис во весник за сликарот и пензиониран учител Лудвиг Лидл, од него ги купил правата за името за 1.000 германски марки.

Денес, групацијата Шварц е мултинационална семејна компанија која работи со синџир супермаркети и хипермаркети под називите: Кауфланд, Ханделшоф и Кауфмаркт, како и продавници за попусти под марката Лидл.

Групацијата Шварц објави нето зголемување на продажбата од 8,6 проценти, на 113,3 милијарди евра во фискалната 2019/20 година.

Лидл забележа едно од најголемите зголемувања во последните неколку години со раст на нето продажбата од 9,5 проценти, додека Кауфланд исто така забележа раст од 4,5 проценти.

Лидл е присутен во 28 европски земји, во Хонг Конг и во САД со повеќе од 11.000 продавници.
Во Хрватска, Лидл ги отвори своите први 13 продавници на 23 ноември 2006 година. Денес во Хрватска, Лидл работи во 102 продавници низ целата земја.

Овој има маркети и во Србија, а во 2021 година е најавено отворање на маркети на Лидл во Босна и Херцеговина.

Исто така, неодамна беше најавено дека преку Лидл Бугарија, четири маркети Лидл ќе бидат отворени и во Северна Македонија. 

Кауфланд моментално е присутна во осум европски земји со речиси 1.300 продавници. Групата имаше и амбициозни планови да се прошири во Австралија, но таквите планови неодамна пропаднаа. Најголемиот синџир супермаркети во Европа сака да заземе 101 локација од неговиот конкурент Реал.

# 2 Карфур, Франција
Карфур е една од најстарите и најреномирани марки во Европа. Групата Карфур го отвори својот прв хипермаркет во 1963 година, како еден од првите трговци во Европа што го воведе овој концепт. Со текот на годините, синџирот супермаркети се прошири на меѓународно ниво и е присутен во Европа, Блискиот исток, Јужна Америка, Африка и Азија. Исто така, успеа да влезе на најперспективните пазари како Кина, Бразил и Индија.

Овој синџир се етаблираше и како општествено одговорна компанија, концентрирана на квалитет и следливост на потеклото на храна, развој на органски производи, поддршка за земјоделски сектори, намалување на отпадот од храна, ограничување на пластичното пакување и обрнување внимание на благосостојбата на животните.

Финансиските резултати од 2019 година покажаа постојан успех во оперативната стратегија на Карфур. Имаше значително зголемување на продажбата и нето приходите на Групацијата се зголемија на 1.314.000.000 евра (во споредба со 582 милиони евра во 2018 година).

 

# 3 Алди, Германија
Глобалната империја на Алди остварува годишни приходи од над 80 милијарди долари. Вкупните приходи на Групацијата Алди во Германија изнесуваа речиси 29,5 милијарди евра во 2019 година, што покажува стабилен раст во последните години. Исто така, генерираше бруто приход од 11,75 милијарди евра во Велика Британија во 2018 година.

Амбициозниот план на Алди е да стане трет по големина синџир на исхрана до 2022 година, зад Валмарт и Крогер.

Основачите, браќата Карл и Тео Албрехт, ја поделија компанијата во 1960 година во спорот околу тоа дали да продаваат цигари. Карл веруваше дека ова ќе ги привлече крадците, додека Тео мислеше поинаку. Во тоа време тие поседуваа 300 продавници со обрт од 90 милиони германски марки. Во 1962 година, тие го воведоа името Алди, кратенка од Албрехт-дисконт (попуст). Алди Норд (Север) и Алди Суд (Југ) се финансиски и законски разделени од 1966 година.

Алди Норд е со седиште во Есен, додека Алди Суд е со седиште во Муелхајм. Границата меѓу териториите на двата Алди е позната во Германија како Алди-екватор, додека во светот тие исто така се поделени, претежно по земји. Алди Норд работи со продавници во Белгија, Холандија, Луксембург, Франција, Полска, Шпанија, Данска, Португалија и како ‘Trader Joe’s’ во Америка. Алди Суд има продавници во САД (под името Алди), Австрија, Словенија (под името Хофер), Италија, Велика Британија, Ирска, Австралија и Швајцарија.

# 4 Теско, Велика Британија
Теско има продавници во седум земји низ Азија и Европа и е лидер на пазарот на прехранбени производи во нејзината земја.

Во финансиската 2018/2019 година, годишниот приход на Теско беше речиси 52 милијарди фунти во Велика Британија и Република Ирска – зголемување од приближно 7 милијарди фунти во споредба со претходната фискална година.

Групната продажба се проценува дека достигна 57,3 милијарди фунти во 2020 година, а приходите ќе се искачат на 64,7 милијарди фунти.

Покрај супермаркетите и продавниците, Теско управува и со Банката Теско, која има повеќе од пет милиони клиенти.

# 5 ЕДЕКА, Германија
Едека е една од најголемите германски корпорации на супермаркети, која во 2017 година имаше удел на пазарот во Германија од 20,3 проценти.

Групата е сопственик и на брендот дисконтни супермаркети Нето. Приходите на Едека растат стабилно во текот на последната деценија, достигнувајќи 55,7 милијарди евра во 2019 година.

Синџирот е исто така еден од регионалните лидери кога станува збор за нивото на задоволство на клиентот. Едека управува со синџир од повеќе од 13.000 супермаркети кои овозможуваат работа за 381.000 лица.

# 6 REWE Групација, Германија
Групацијата REWE е втор по големина синџир супермаркети во Германија по ЕДЕКА.

Работи и во 10 други европски земји. Основана во 1927 година, РЕВЕ е кооперација во сопственост на околу 3.000 нејзини независни членови на малопродажба.

Продажната линија вклучува супермаркети REWE, REWE CENTER, REWE CITY, Toom и BILLA, како и продавници за широка потрошувачка, локални пазари во Накауф, продавници за попусти PENNY, продавници за Toom DIY и продавници B1 Discount DIY, како и потрошувачки електронски продавници на ProMarkt.

# 7 Оучан, Франција
Француската мултинационална групација Auchan управува со еден од најголемите трговски синџири во светот, со присуство во Франција, Италија, Шпанија, Португалија, Луксембург, Полска, Романија, Унгарија, Кина, Тајван, Русија и Украина.

Компанијата започна план за заштеда на трошоците преку таканаречениот план за преродба, односно ренесанса, кој ја зголеми заработката во 2020 година и покрај пандемијата COVID 19.

Профитот на компанијата (пред камати, даноци и амортизација – ЕБИТБА) во 2020 година изнесуваше 1,6 милијарди евра, што е зголемување за 27 проценти во однос на претходната година, пишува Алџезира Балкан.