Ова се минималните плати ширум светот, еве каде е Македонија (инфографикa)

Македонија котира на високото 12. место според процентот на зголемување на минималната плата во текот на минататa година


 

Целта на минималната плата е да се воспостави основно ниво на приход за работниците во одредена земја. Идеално, доволно е да се покријат основните потреби како храна и домување, но тоа не е секогаш гаранција.

За да види како минималната плата варира низ светот, „Вижуал капиталист“ (VisualCapitalist) ги претвори податоците на „Пикоди“ (Picodi) во инфографика, кој вклучува податоци за 67 земји од јануари 2023 година.

Во рангирањето е вклучена и Македонија, но треба да се земе во предвид дека податоците се однесуваат пред последното зголемување на минималната плата кај нас направено деновиве и кое ќе поче да важи со мартовски плати што ќе се исплаќаат во април.

 

Сепак, и без ова зголемување, Македонија котира на високото 12-то место според процентот на зголемување на минималната плата во текот на минататa година, што може да се види во табелата подолу.

За споредба, во истиот период минималната плата во Србија била зголемена за 14,2 отсто, во Албанија за 12,9 отсто, во Словенија за 12,6 отсто, во Хрватска за 11,9 отсто, а во Бугарија за 9,3 отсто. Треба да се има предвид дека во рангирањето не се земени стапките на инфлација.  

Месечна минимална плата, по земја

Следната табела ги вклучува податоците користени во инфографикот погоре.

Податоците во табелата ја претставуваат месечната минимална плата добиена од работник со полно работно време (претворена во долари).

Општо земено, развиените земји имаат повисоки трошоци за живот, а со тоа и повисока минимална плата.

Двата исклучоци во овој сет на податоци се Аргентина и Турција, кои ги зголемија своите минимални плати за 100 отсто или повеќе од нивото во јануари 2022 година.

Турција страда од тековната валутна криза, при што лирата изгуби над 40 отсто од својата вредност во 2021 година. Цените на основната храна значително се зголемија бидејќи турската лира продолжува да паѓа. Всушност, истражувањето од 2022 година покажа дека 70 отсто од луѓето во Турција се борат да ги платат основните трошоци.

Аргентина, втората по големина економија во Јужна Америка, исто така страда од многу висока инфлација. Како одговор, земјата најави три зголемувања на минималната плата во текот на 2022 година.

Минимална плата во САД

Во САД, минималната плата значително варира од држава до држава. Подолу, видете ја основната минимална плата на секоја држава (на час) користејќи податоци од Министерството за труд на САД за јануари 2023 година.

Американската федерална минимална плата остана непроменета од 2009 година на 7,25 долари на час.

На секоја држава и е дозволено да одреди сопствена минимална плата, се додека таа е повисока од федералниот минимум. Во државите кои не поставуваат сопствен минимум, важи федералниот минимум.

Претпоставувајќи дека некој работи 40 часа неделно, федералната минимална плата од 7,25 долари претставува годишен износ пред оданочување од 15.080 американски долари. Минималната плата во Калифорнија од 15,50 долари се преведува на 32.240 долари пред даноци. (Н.В.)