Ова се градовите со најмногу туристи по глава на жител во Европа

Амстердам има најголем број туристи по жител - главниот град на Холандија има дури 12 туристи по жител.


Патувањето се враќа во полн ек, што е добро затоа што пандемијата е завршена. Но, овој моментум не е угоден за сите, бидејќи огромниот број туристи стана голем проблем насекаде, од плажите до главните градови. За да се справат со пренатрупаноста, некои дестинации воведоа различни ограничувања (на пример, забраната за крстарења во Венеција). Доколку не сакате да одите на одмор и да се борите со гужвите, тогаш не е лошо да ги избегнете следните градови кои се прилично преполни со туристи.

Според Еуроњуз, користени се податоци од пребарувачот за сместување за одмор Holiday, кој го споредил бројот на локални жители со бројот на туристи од 2019 година (последната година пред пандемијата, што може да се земе како релевантно со оглед на враќањето на гостите).

Според овие податоци, Амстердам има најголем број туристи по жител. Холандската престолнина има 12 туристи на секој жител. Познат како „Венеција на северот“, Амстердам има повеќе од 160 канали и 1.200 мостови. Додека градот беше дестинација за некои да уживаат во работи кои се нелегални во многу држави, тој сега има намера да ја промени својата репутација. Градот е дом на безброј елегантни куќи, барови и кафулиња. Посетата на музејот Ван Гог е исто така задолжителна, како и Ријксмузеумот.

На второ место е Даблин, со 11 туристи по глава на жител. Ирската престолнина е дом на Гинис, а турите на пиварницата примиле близу 23 милиони луѓе од нејзиното прво отворање во 2000 година.

Главниот град на Естонија, Талин е на трето место со 10 туристи по жител. Оваа источноевропска земја нуди многу повеќе од главниот град, а со Балтичкото Море на север и запад, таа е дом на илјадници острови преполни со природа и историја.

Париз е на четврто место со девет туристи по жител. „Градот на љубовта“ привлекува туристи кои се собираат да ја видат познатата Ајфелова кула, а Лувр е најпосетуваниот музеј во светот. Атина, главниот град на Грција, е уште еден од најпопуларните главни градови со осум туристи по жител , ист број како Прага во Чешка.

Од друга страна, ако барате градови кои имаат помалку туристи, упатете се кон Берлин, Мадрид, Брисел или Будимпешта. Иако имаат и многу туристи, тие имаат само двајца туристи по глава на жител (јасно е за Берлин и Мадрид, со оглед на нивната големина).