Ова се градовите со најдобри хотели, ресторани, ноќен живот и одмор

Според новото истражување, Лос Анџелес има најдобри хотели, Брисел најдобри ресторани, додека генерално првото место како најдобар град за одмор го зазела грчката престолнина Атина


Студијата спроведена од страна на веб-страницата Money.co.uk истражувала кои градови се оценети како најдобро ширум светот кога станува збор за хотели, ресторани, ноќен живот и атракции за посета.
Севкупно, Атина е рангирана на прво место, со 19,7 отсто од хотелите, рестораните, ноќниот живот и работите што треба да се прават и видат високо оценети. Покрај тоа што Атина е најдобро рангиран град по активности, Атина е на второ место по хотели и ноќен живот.


Втора е европската престолнина Лисабон. Лисабон беше град со втор најголем број на активности и атракции со пет ѕвезди – со 40 проценти од неговите атракции го добија ова признание од туристите. Градот е познат и по одличната храна и не е далеку од многу плажи.

На трето место е Фиренца, во срцето на италијанскиот регион Тоскана. Како дом на ренесансата, Фиренца е богата со историја, уметност и архитектура. Иако не постигна особено висок резултат во ниту еден фактор, таа го зазеде третото место во вкупниот пласман.


Градот со најдобро оценети хотели во светот е Лос Анџелес – 16,9 отсто од хотелите во градот биле оценети со пет ѕвезди од посетителите.


Град со највисока оценка за ресторани е Брисел – 3,1 отсто од рестораните се во водичот на Мишелин.


Што се однесува до пабовите, баровите и клубовите, грчкиот остров Родос е високо рангиран – 37,2 отсто од местата за ноќен живот се оценети со пет ѕвезди.
Градот со највисока оцена за атракции и работи што треба да се видат и направат е Атина во Грција, каде 44,1 отсто од атракциите се оценети со пет ѕвезди.