Ова роботско возило служи за пополнување дупки на патот (видео)


Фото: Б. Грданоски

Тој е дизајниран за автономно извршување задачи за запечатување на пукнатини на тротоарот.

Ова возило се нарекува Autonomous Road Repair System – скратено ARRES – и во моментот се тестира во Хертфордшир (Велика Британија).

Развиен од научници од Универзитетот во Ливерпул и технолошката компанија Robotiz3d, користи низа сензори, камери и други технологии во комбинација со опрема што автоматски ги пополнува дупките на патот.

Покрај тоа, АРРЕС има можност за далечинско управување, а поентата на проектот е да се развие нешто што може самостојно да врши поправки на патишта 24 часа на ден, пишува Ревијахак.

Специфичните детали за тоа како точно работи ова возило допрва треба да се откријат (некои од тоа можете да видите во видеото), но тестирањето ќе продолжи за дополнително дотерување на целиот систем за секојдневна употреба.

ARRES е дизајниран за автономно извршување на задачи за запечатување на пукнатини додека ги комбинира револуционерните карактеристики на т.н. ARRES Eyea, решение за истражување на патишта базирано на вештачка интелигенција со најсовремена роботика и беспилотна мобилност.