Ова е среќа: Стана милионер по втор пат


 

Еден жител на Масачусетс, сојузната американска држава, два пати ја изпразни касата на државната лотарија.

Ралф Роудс доби милион долари на лотартијата на Масачусетс, со ливче купено на бензинска пумпа.

Тој во мај, лани, освои ист износ на лотарија, а тогаш одбра да подигне 650.000 долари во кеш, веднаш, место да подига чек од 50.000 долари годишно во текот на 20 години. Роудс сѐ уште не одлучил на што ќе ги потроши парите освоени сега.

Ова не е единствен случај на повторно добивање на лотарија. На Флорида еден човек во 2013 година, освои три милиони долари на лотарија откако претходната година извлече ливче кое му донесе 10 милиони долари. Еден Французин пак, освои милион и пол евра во 2016 и 2018 година играјќи ја истата наградна игра.

Статистиката вели дека шансите да се случи вакво нешто се еден спрема 16 илјади милијарди.