Ова е „кралскиот апартман“ на Роналдо во Ријад: Закупи 17 соби за 284 илјади евра месечно

Кристијано Роналдо и неговата придружба ќе живеат во „кралската кула“ на хотелот Four Seasons во Ријад. Георгина и тој во кралскиот апартман на два ката, а другите во 16 слични соби. Цена? 284 илјади евра месечно.


 

Португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо потпиша со Саудиски Ал-Наср за рекордни 200 милиони евра по сезона и од неодамна живее со својата партнерка Георгина Родригез во кралски апартман во хотелот Four Seasons во Ријад.

Роналдо привремено ќе ги пресели своето и семејството на Георгина во Саудиска Арабија, а новиот фудбалски крал на Саудиска Арабија закупил дури 17 апартмани во „Кралската кула“ на хотелот, за кои ќе плаќа месечна кирија од 284.000 евра, пишува Дејли меил.

Роналдо и неговата партнерка ќе живеат во кралскиот апартман кој се простира на два ката, пред да се преселат во сопствената вила која ќе чини 12 милиони евра.