Ова е единствената земја во светот каде сите заразени со корона се излечени


Гренланд е првата и единствена земја во светот што ги излекува сите заразени со корона вирусот, а беа 11 и повеќе нема активни случаи во таа земја!

Имено, во таа земја со нешто помалку од 57.000 жители беа спроведени 1.101 тестови, а 11 беа позитивни. Инаку, сите заразени биле од главниот град Нука, каде живеат повеќето луѓе – околу 18 000.

Во моментот кога овие случаи беа активни, градските граници беа затворени, а оние што сакаа да излезат мораа да побараат специјална дозвола. Исто така и државните граници беа затворени.

Гренланд беше сериозно погодена од епидемии во 18 и 19 век, така што сега се преземени драстични мерки за да се спречи историјата да не се повторува, свеснидека малите болници нема да можат да сместат многу пациенти.

Пензионираниот лекар и поранешен министер за здравство на Гренланд, д-р Ове Росинг Олсен, порача дека овие строги мерки може да останат во сила во текот на целата година затоа што земјата нема ресурси за борба против големиот број на заразени.

„Нашата стратегија, како и во другите земји, не е да го преоптоваруваме здравствениот систем. Разликата е во тоа што имаме повеќе опции да ја изолираме земјата“, рече д-р Герт Малвад, кој работи во болницата „Кралицата Ингрид“, најголемата во Гренланд.