Отворено Олимпиското село во Париз


Олимпиското село зафаќа 54 хектари и се наоѓа северно од Париз, ќе биде домаќин на најмалку 14.500 олимпијци и помошен персонал.

По Игрите, селото ќе се трансформира во еколошка населба од која ќе имаат корист 6.000 жители и ќе вклучува две училишта, хотел, јавен парк, пазари и уредени површини за пешаци и немоторни возила.

Остануваат уште осум дена до почетокот на Олимписките игри, свеченото отворање е закажано за 26 јули во 19 часот и 30 минути. Игрите ќе траат до 11 август.

По ОИ следуваат Параолимписките игри кои ќе се одржат од 28 август до 8 септември.