Отворени спортските терени на кејот во Маџир Маало
Денеска пуштени се во употреба обновените спортски терени на кејот на Вардар, на потегот кај Маџир Маало, место кое повторно се враќа на граѓаните како центар на рекреацијата, спортот и дружење.
–Денес, овој дел од градот добива нова димензија – функционален, модерен и динамичен јавен простор, отворен за сите генерации. Реконструирани се терените за фудбал и кошарка, поставена е нова урбана опрема, трибини и ограда. Инвестирањето во спортот значи инвестирање во иднината, во здрави млади генерации, во дисциплина, дух на победа и во силно општество – напиша градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој ги посети терените заедно со министерот за спорт Борко Ристовски.