Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Во Скопје денеска ќе се одржат отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, а на самата манифестација ќе бидат промовирани нивните најнови изданија.
Како што најавија од Институтот, обраќања ќе имаат директорка на Институтот, Елена Јованова-Грујовска, министерка за образование и наука Весна Јаневска и академик Катица Ќулавкова.