Отворена изложбата „Битолчанки низ фотографии“ по повод одбележување на Меѓународниот ден на жената


Битолската Организација на жени промовира фото изложба „Битолчанки низ фотографии“ на која на јавноста и е презентирана и фотографија од битолчанка која во 1915 година била избрана за Мис на Македонија.

Според битолската Организација на жени, низ истражувачкиот процес и при изборот на фотографиите одлучувачки бил придонесот на истакнати жени во градот во период кога живееле во Битола.

Изложбата „Битолчанки низ фотографии“ е поместена во фоајето на Центар за култура, а јавноста може да ги види фотографиите на битолчанката Мис на Македонија избрана во 1915 година, потоа актерката Мери Бошкова (1924-2014), Милица Павловска која била прва жена тракторист во Југославија, Донка Петровска (1924-2000) прва жена што ја промовирала песната за Ѓорги Сугарев, Севасти Киријази (1871-1949) и Параскеви Киријази (1892-1970) наставнички посветени на албанската азбука, Захарија Шумљанска (1864-1937) истакната жена хуманистка, Сашка Петковска (1951-1983) популарна македонска пејачка, Олга Наумовска (1927-1999) актерка, Билјана Опашинова граѓански активист, Анча Ристевска,  Зина Креља (1925-2004) оперска певица, Кристи Бомбол (1957-2015), универзитетски професорВера Нича- Пренда (1925-2010) педијатар, Рајна Алексова (1882-1959) првата жена фармацевт која работела во фамилијарната аптека на Широк Сокак, Станислава Караиванова (1857- 1926) првата учителка во Битола, Фанула Папазоглу (1917-2001) археолог и членка на МАНУ, Љубица Додовска и Коца Василева и двете учеснички во народно ослободителната борба.