Отворен Салцбуршкиот фестивал – и покрај короната


Претседателката на Салцбуршкиот фестивал Хелга Рабл-Штадлер, гувренерот на покраината Салцбург, Вилфрид Хаслауер, и неговата сопруга, Кристина Рослхубер, пред отворањето на фестивалот (Фото: АФП)

Додека многу театри, оперски куќи и концертни сали низ целиот свет остануваат затворени, еден од најпрестижните светски летни музички фестивали се отвори овој викенд во Австрија – со строги антикоронавирусни мерки.

Организаторите на годишниот Салцбуршки фестивал првично планираа блескава низа од 200 настани за своето 100-то издание.

Но, тие беа принудени да откажат голем дел од концертите, оперите и театарските претстави како резултат на пандемијата со Ковид-19 и наместо тоа, изготвија многу поскромна програма.

Месечниот фестивал започна во саботата со „крвавата“ опера на Рихард Штраус, „Електра“, во сосема нова постабовка на Полјакот Кшиштоф Варликовски.

Завесата, исто така, се крена за новата продукција на претставата „Секој“, напишана од еден од оригиналните основачи на фестивалот, Уго фон Хофманстал, и која се изведува секоја година од тогаш.

Но, грмежи и молњи ја принудија таа изведба да се одржи во затворено – иако традиционално се одржува на плоштадот пред Соборниот храм во Салцбург. И, според извештаите на локалните медиуми, публиката, која е обврзана да носи маски за лице, сметаше дека е тешко да ги задржи растојанието за безбедност сè додека не седи.

Оперската пејачка Асмик Григоријан на премиерата на „Електра“ со која се отвори Салцбуршкиот фестивал 2020 (Фото: Гети)

Сите 80.000 билети пуштени во продажба – намалени од вообичаените 230.000 – се персонализирани за да овозможат контакт-трага во случај на инфекција.

Австрија досега избегна голема пандемијата, забележувајќи околу 21.000 случаи на корона вирусот и околу 700 смртни случаи.

Но, новите инфекции повторно се зголемија во последните неколку недели, откако тешките ограничувања поврзани со вирусот во голема мерка беа укинати.

Еден важен неодамнешен кластер се наоѓа во живописното езеро Волфганг, на помалку од 50 километри од Салцбург.

Властите инсистираат на тоа дека ширењето на вирусот е под контрола во Санкт Волфганг и на други места во алпската нација со речиси девет милиони луѓе.