Отворен првиот салон за „чешкање“ во Европа


Минатата недела во Хрватска се отвори првиот салон за чешкање во Европа. Иако многумина помислија дека станува збор за шега, овој салон навистина постои. Сопственичката Ана Паради вели дека постојат многу луѓе кои сакаат чешкање, па затоа тие ќе нудат услуги како чешкање со нокти, чешкање со пердуви или стапчиња.

– Сфатив дека многу луѓе бараат од други да бидат чешкани. Некои го сакаат тоа пред спиење, некои во текот на денот. Затоа се одлучив да направам бизнис од тоа – вели Паради.

Концептот е како салон за козметика или масажа. Откако ќе влезете во просторијата, може да одберете дали ќе седите или ќе лежите додека ве чешкаат.

Паради вели дека засега најбарано е чешкањето со нокти.